
Раководството на Челси бара купувач за Кристофер Нкунку и го нуди на некои од најголемите клубови во Европа. Каталонскиот весник „Спорт“ известува дека агентот на играчот, Пини Захави, се обратил до раководството на Барселона во обид да ги убеди да ја разгледаат можноста за трансфер на фудбалерот.
Тој ги уверил дека евентуалната зделка може да се реализира под многу поволни услови, а исто така е подготвен да ја корегира платата на својот клиент, кој моментно заработува висока сума во Лондон, со цел да ја олесни зделката.
Нкунку играше на многу високо ниво во Лајпциг, но по доаѓањето во Челси се соочи со серија повреди, што го спречија да се наметне во составот на Енцо Мареска. Во оваа сезона тој има постигнато 12 голови и четири асистенции на 25 натпревари, но сè уште често почнува од клупата.
Нкунку се поврзува и со Манчестер Јунајтед, како и со други големи клубови во Европа, а евентуалниот трансфер во јануари станува сè поизгледен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
