
Италијанскиот првак Интер покажува сериозен интерес за играчот на Комо, Нико Паз, открива „Тутоспорт“.
„Нероаѕурите“ веруваат дека 20-годишниот аргентински фудбалер ќе се вклопи во стилот на играта што го практикува Симоне Инзаги.
Италијанскиот шампион смета дека Нико Паз може да биде идеален долгогодишен заменик на Хенрик Мхитарјан. Младиот играч има профил на креативен играч за врска кој може да постигнува голови и да дели асистенции.
Комо го доведе Нико Паз од Реал Мадрид ова лето за 6 милиони евра, а сега неговата цена се проценува на најмалку 20 милиони евра.
Во оваа сезона, Паз има одиграно 15 натпревари во Серија А, постигна два гола и запиша четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
