
Англискиот премиерлигаш Арсенал го обезбедил првото засилување за зимскиот преоден рок. Станува збор за новото фудбалско чудо од Лас Палмас, Алберто Молеиро, кој оваа сезона блеска на теренот и многумина го споредуваат со легендарниот Андрес Иниеста.
Арсенал ќе ја активира откупната клаузула на Молеиро, која изнесува 60 милиони евра, а трансферот треба да биде реализиран на почетокот на јануари.
Молеиро, кој има 21 година, треба да биде значајно засилување за Арсенал, особено во нападничките опции. Овој талентиран играч може да игра како централен играч за врска или на позиција на крилен напаѓач. Тој е познат по својата одлична визија, креативност и дриблинг, а многумина го споредуваат со Иниеста по стилот на играта.
Оваа сезона Молеиро постигна четири гола на 17 одиграни натпревари, а во својата досегашна кариера има одиграно 128 натпревари, постигнато 11 гола и запишано 13 асистенции.
Освен Молеиро, Арсенал се поврзува и со неколку напаѓачи, вклучувајќи ги Адемола Лукман од Аталанта и Маркус Рашфорд, кој се наоѓа на излезната врата од Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
