
Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, беше скршен по поразот (1-2) од Атлетико Мадрид. Тој призна дека не може да поверува дека неговиот тим го загубил овој натпревар. За него е необјасниво тоа што се случи, имајќи предвид дека каталонците категорично беа подобриот тим на теренот.
„Необјаснив пораз. Сами сме си виновни. Го држевме натпреварот во наши раце, но го испуштивме. Се разочаравме, но сега треба да се одмориме и да размислуваме за тоа што не очекува во 2025 година. Одигравме одличен натпревар. Сами можевте да ги видите нашите шанси и контролата на топката. Завршниот удар не нè служеше, но тоа е нормално. Треба да работиме повеќе на тоа“, смета Кубарси.
„Сакавме да се вложиме со сите сили уште од самиот почеток. Имавме неколку лоши резултати. Одигравме добар натпревар, но направивме две глупави грешки, и тоа го одлучи исходот. Нивото на нашата игра беше добро, но ни недостигаше прецизност во нападот. Одморот ќе ни дојде добро, за да се опуштиме и да се вратиме со уште поголема желба“, додаде младиот фудбалер на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ливерпул ја освои 20. титула (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона на лето го купува Хулијан Алварез

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер
