Поранешниот младински репрезентативец Лука Станковски ја оживеа својата кариера со одличните настапи за Раднички Крагуевац.
По периодот во турскиот Газијантеп, каде што не доби вистинска можност и беше испраќан на позајмици, Лука Станковски пронајде нова фудбалска приказна во Србија. Во Крагуевац, тој целосно го искористи дадениот простор и есенва стана клучен играч на тимот кој е едно од најпријатните изненадувања во српската Суперлига, моментално пласиран на петтото место на табелата.
Минатиот викенд, Станковски и Раднички забележаа значајна победа против Спартак на домашен терен. Станковски блесна со својата игра – еднаш ја погоди гредата, а му беше поништен и гол. Неговата одлична форма не остана незабележана, па со право е вклучен во тимот на колото во Суперлигата на Србија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













