
Македонскиот интернационалец Диме Димов ја заврши одисејата во Локомотив Софија. Тој беше еден од најдобрите фудбалери во тимот во изминатата сезона и пол, но одлучи да замине и оваа зима да побара нова фудбалска средина.
Поранешниот капитен на Академија Пандев (сегашна Брера) одигра 56 натпревари за Локомотив Софија во изминатиот период, неколку пати беше избран во тимот на колото во Бугарија, а двапати и играч на натпреварот.
Димов има неколку понуди за да ја продолжи кариерата на интернационална сцена, па се очекува во наредниот период да ја донесе најдобрата одлука за својата кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
