
Беласица изненади многумина во првиот дел од сезоната 2019/2020 со доминацијата во Втората лига – Исток и освоеното прво место по есенскиот шампионат. Но, повеќе од заслужено е на врвот благодарание и на својот најдобар поединец, офанзивецот Мартин Мирчевски кој блесна на второлигашката сцена. Со 14 погодоци од исто толку натпревари во првенството, едноставно неизбежно – играч на полусезоната во Втората лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Искрено благодарам за ова признание на Макфудбал кое многу ми значи. Чест ми е што сум избран по една полусезона во која беше демонстриран огромен квалитет на Истокот и во навистина силна конкуренција“ – вели Мирчевски, веднаш осврнувајќи се и на изминатите четири месеци од сезоната со Беласица.
„Да, точно е дека многумина не очекуваа дека ќе одржиме висок квалитет низ текот на целиот прв дел од првенството. Но, сето тоа се должи пред се на единството во тимот, заедништвото и колективниот дух кој го красат овој тим. Верувавме во себе, знаевме што сакаме од секој натпревар и затоа сме на врвот. Токму затоа и јас не го двојам мојот ефект од тимот кој е секако заслужен и за моите индивидуални успеси“.
22-годишниот Мирчевски, без сомнение, ќе остане запаметен и по оние пет постигнати гола на дуелот против Питу Гули…
„Добро, секако задоволство е кога ќе се постигнат пет гола на еден натпревар. Но, ќе повторам дека сето тоа е заслуга и на моите соиграчи“ – нагласува офанзивецот на струмичани.
Според поранешниот фудбалер на Пелистер, Победа и косовска Трепча, досегашните резултати се само мотив повеќе за сите во Беласица и во пролетниот дел да се продолжи во ист стил до враќање во Првата лига.
„Секако прва желба на сите во клубот е враќање во Првата лига. Тоа ќе биде нашата цел и во пролетниот дел од шампионатот. Носиме огромен мотив, верувам во добри подготовки и повторно квалитетни изданија“ – вели Мартин Мирчевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
