
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека нема намера да експериментира со составот за натпреварот против Џирона и ќе се потпре на најдобрите играчи. Ова го потврди холандскиот стратег на прес-конференцијата пред дуелот во Лигата на шампионите.
„Дури и да не беше одложено дербито со Евертон, можеби вечерва ќе го изберев истиот состав. Се разбира, никој не може да предвиди што би се случило во таков натпревар“, изјави Слот.
„Сметам дека од аспект на безбедноста за сите, одлуката за одложување на натпреварот беше правилна. Тоа ќе биде последното дерби на „Гудисон Парк“ и треба да се одигра во оптимални услови. Играчите имаа време за одмор, па нема причина за ротации против Џирона. Со сигурност ќе излеземе со многу добар состав“, истакна менаџерот на „црвените“.
„Нашата цел е да завршиме меѓу првите осум на табелата и да го избегнеме плејофот. Џирона е силен тим кој сака да ја контролира топката. Тие имаат многу квалитетни фудбалери, но како Холанѓанец би го истакнал Дејли Блинд“, додаде Слот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
