Connect with us

Анчелоти: Аталанта е фантастична, но јас верувам во мојот тим

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги сподели своите размислувања пред натпреварот против Аталанта од шестото коло на Лигата на шампионите.

„Не очекува многу тежок натпревар. Аталанта многу напредуваше по Суперкупот. Тие се во одлична форма и имаат голем ентузијазам“, изјави Анчелоти.

„Имам мала дилема околу тоа дали Винисиус ќе може да започне како стартер, исто како и Родриго. Немам други дилеми околу тимот,“ додаде тренерот на Реа Мадрид.

За вечерашниот натпревар и работата на својот колега Џанпјеро Гасперини, Анчелоти се изрази пофално за противникот.


„Со Џанпјеро Гасперини сме добри пријатели. Неговата работа во Аталанта е фантастична. Тој секоја година менува многу играчи, а тимот повторно е неверојатен“, истакна стратегот на Реал.

Анчелоти го истакна значењето на натпреварот и очекуваните потешкотии.


„Аталанта прави исклучителна работа, тоа се гледа во тимот и на стадионот. На ‘коцка’ се три бода. За жал, ќе треба да одиграме дополнителен круг, но имам целосна доверба во мојот тим. Овој натпревар е најтежок од преостанатите во групата од ЛШ“, посочи тренерот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови