
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, изрази голема почит кон Реал Мадрид пред дуелот вечерва меѓу двата тима во Лигата на шампионите. Иако некои аналитичари поради неодредените изданија на шпанскиот гигант оваа сезона ја сметаат Аталанта за фаворит во натпреварот, Гасперини не се согласува со таквото мислење.
„Не мислам дека постои тим кој може да биде наречен фаворит против Реал Мадрид. Ни претстои возбудлив натпревар на нашиот стадион, што е нешто неверојатно за луѓето во Бергамо. Знаеме со каков противник се соочуваме. Позицијата на Реал на табелата е привремена. Благодарни сме за пофалбите, но да се тврди дека сме подобри од Реал Мадрид е премногу. Секако, ќе дадеме сè од себе, но мора да бидеме внимателни и да не подлегнеме на еуфоријата“, изјави Гасперини.
Аталанта се соочи со истиот противник во натпреварот за Суперкупот на Европа летово и загуби со 0-2. Сепак, тренерот на „бергамаските“ верува дека претстојниот натпревар ќе биде различен.
„Натпреварот за Суперкупот на Европа е врвот во историјата на Аталанта досега. Тогаш не бевме во оптимална форма поради многуте трансфери, но игравме стабилно во текот на еден час. Сега сме на повисоко ниво благодарение на новите играчи кои ги донесовме. Мислам дека нè чека поинаков натпревар од тој во август“, нагласи Гасперини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
