Connect with us

Баер Леверкузен сака да го доведе Арда Ѓулер

Баер Леверкузен покажува интерес за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Гулер, откриваат германските медиуми. „Аспирините“ го следат турскиот репрезентативец уште од периодот кога настапуваше за Фенербахче, но тогаш тој одлучи да ја продолжи својата кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

Во овој момент шансите Арда Ѓулер да премине во Леверкузен во зимскиот преоден рок се минимални. Ниту Реал Мадрид, ниту самиот фудбалер сериозно ја разгледуваат можноста тој да биде позајмен во друг клуб до крајот на сезоната.

„Ендрик и Арда Ѓулер нема да го напуштат Реал Мадрид. Двајцата остануваат. Немам предрасуди кон младите. Во текот на целата моја кариера се потпирав на многу млади играчи“, изјави тренерот на шпанскиот гигант, Карло Анчелоти.

Од почетокот на сезоната, Турчинот одигра 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол. Баер нема да се откаже од идејата да го доведе Гулер, но тоа може да се случи во летниот преоден рок, ако Реал процени дека за играчот од средниот ред ќе биде добро да стекне искуство како стартер и се согласи да го пушти на позајмица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови