
Младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски е првото засилување за Кит Го за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига – Исток.
На ден пред крајот на актуелната календарска година, Кит Го и официјално се договори за ангажман на 19-годишниот голман кој доаѓа од редовите на прволигашот Академија Пандев.
Денковски, кој е 204 сантиметри висок чувар на мрежата, претходно беше дел и од скопски Вардар а од јуни 2018 година беше дел од првиот тим на Академија Пандев. Давид Денковски ги мина и сите младински национални селекции почнувајќи од 17 до 19 години. Сега е дел од младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
