
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, би можел повторно да се врати во првиот тим на Трабзонспор, откако тренерот Шенол Ѓунеш размислува да ги врати „четворицата отпишани“ играчи. Оваа промена доаѓа поради незадоволството на Ѓунеш од формата и ангажманот на некои актуелни првотимци.
Барди, заедно со Мислав Оршиќ, Умут Бозок и Стефано Денсвил, повеќе од еден месец тренира одвоено, чекајќи јануарски трансфер. Сепак, ситуацијата се менува по разочарувачкото реми на Трабзонспор против Кашимпаша, кое предизвика жестока реакција од Ѓунеш. Тој наводно одржал долг говор во соблекувалната, изразувајќи незадоволство од настапите на одредени играчи, а како потенцијални замени ги споменал Барди и останатите тројца.
Според турските медиуми, играчите што би можеле да бидат исфрлени од тимот се Асан, Туфан, Туркман и уште еден чие име засега не е откриено. Оваа одлука би можела да му даде нова шанса на Барди за докажување, доколку Ѓунеш ја реализира својата намера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
