Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, одговори на шеговитиот коментар на Димитар Бербатов, кој го нарече тимот „новиот Стоук Сити“ по победата на „топчиите“ над Манчестер Јунајтед со два гола од корнер.
Артета ја прифати оваа изјава како комплимент и истакна дека целта на неговиот тим е да биде најдобар во сите аспекти на играта.
„Добро разбирам што рече Димитар и го прифаќам тоа како голем комплимент. Ние сакаме да бидеме најдобри во сè: во статични ситуации, во пресингот, во нападите по слободни простори, да имаме најдобра атмосфера и најдобар стадион. Нашата цел е да бидеме најдобри во сè. Пред некој период не постигнувавме доволно голови од статични ситуации и не победувавме големи натпревари. Сега сакаме да бидеме најдобри во сè, да имаме најдобра академија и да привлекуваме најдобри фудбалери и тренери“, изјави Артета.
Тој потврди дека Габриел Магалјаеш и Рикардо Калафиори се на лекување од повреди и е многу веројатно дека нема да успеат да се опорават за следниот натпревар против Фулам.
„Тешко е да се каже. Имаме уште еден тренинг, но нивната ситуација е компликувана“, додаде Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













