Реал Мадрид ќе биде значително ослабен на вечерашниот натпревар против Џирона. Родриго почувствувал болка во мускулот, поради што нема да биде достапен за овој дуел.
Ова претставува голем проблем за Реал Мадрид, бидејќи и Винисиус Жуниор е надвор од строј, па главната напаѓачка улога повторно ќе ја има Килијан Мбапе, со поддршка од Џуд Белингам и Брахим Диаз.
Сѐ уште не е познато дали Родриго ќе биде спремен за натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите, кој може да биде клучен за пласман во следната фаза на натпреварувањето.
Исто така, надвор од строј се и Дани Карвахал и Едер Милитао до крајот на сезоната. Добра вест е што Винисиус и Камавинга наскоро ќе се вратат, но проблемот е што Реал ќе го нема Родриго за вечерашниот меч против Џирона, кој започнува од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













