Connect with us

Фонсека: Судиите не покажуваат почит кон Милан и тоа мора да престане!

Tренерот на Милан, Пауло Фонсека, изрази големо незадоволство по поразот од Аталанта со 1-2, насочувајќи ја својата критика кон судијата Федерико Ла Пена и генерално кон судиското однесување во Италија.


Фонсека смета дека неговиот тим бил третиран без почит, што е тренд кој, според него, се повторува во повеќе натпревари.

Фонсека истакна дека Милан играл солидно во првото полувреме, но во второто не успеал да ги поврзе линиите и да ги вклучи Рафаел Леао и Алваро Мората во нападот. Според него, двата примени гола од прекини ја одлучиле средбата, и Милан заслужувал повеќе.

Португалскиот стратег отворено го обвини Ла Пена за пристрасност.

„Првиот гол беше постигнат по чист фаул. Нема дилема во тоа. Судиските одлуки постојано беа против нас, не само на овој меч. Ова е повторувачки модел, каде што Милан е третиран без почит“, изјави Фонсека.

„Гледам како за други екипи одлуките се носат без двоумење, додека кај нас ситуациите се компликуваат. Ова не може да продолжи вака.“

Тренерот потсети на контроверзниот момент со црвениот картон на Милан против Удинезе, каде што Ла Пена бил задолжен за ВАР.

„Кога видов дека тој ќе ни суди, веднаш знаев дека не нè чека ништо добро“, истакна Фонсека.

Со овие коментари, Фонсека отвори нова дебата за квалитетот и транспарентноста на судиското делење на правдата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови