
Реал Мадрид претрпе нов пораз со 2-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао во дербито од 16. коло на Ла Лига, со што актуелниот шампион на Шпанија пропушти можност да се доближи до лидерот Барселона. Сега Реал заостанува четири бодови и има еден натпревар помалку.
Ова е петтиот пораз на „кралевите“ оваа сезона, при што сите дојдоа против силни противници – во Лигата на шампионите (Лил, Милан, Ливерпул) и во Ла Лига (Барселона, Атлетик). За споредба, минатата сезона Реал Мадрид, и покрај натпреварите против најдобрите екипи, заврши импресивно со двојна титула, освојувајќи ја Ла Лига и Лигата на шампионите.
Минатата сезона тимот од Мадрид претрпе само два порази во 55 натпревари – двата од Атлетико Мадрид, едниот во Ла Лига (3-1) во септември и вториот во Купот на кралот (4-2, по продолженија) во јануари. По тие два порази, Реал не загуби натпревар до крајот на сезоната 2023/24.
Сезонава, до почетокот на декември, Реал веќе има пет порази во 24 натпревари. Експертите за фудбалска статистика истакнуваат дека сите пет порази дојдоа во последните 11 натпревари, во кои Реал оствари шест победи. Со тоа, тимот претрпе повеќе порази во последниот месец и половина отколку во претходните 73 натпревари, кога оствари скор од 52 победи, 17 нерешени и 4 порази.
Оваа серија на порази го става под притисок тимот на Карло Анчелоти, кој ќе мора да најде начин да ја врати стабилноста и да остане во трка за титулите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
