
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, изрази разочарување по елиминацијата на неговиот тим од Баер Леверкузен со 0-1 во осминафиналето на Купот на Германија. Компани истакна дека црвениот картон на Мануел Нојер во 17-тата минута значително влијаел на текот на натпреварот, но ги пофали своите играчи за карактерот кој го покажале во тешката ситуација.
„Секако дека боли што сме елиминирани. Црвениот картон го промени текот на натпреварот, но момците реагираа одлично и покажаа карактер. Играв многу натпревари со играч помалку и знам колку е тоа тешко. Создадовме шанси дури и со десетмина играчи, но за жал не успеавме да ги реализираме. Нашите навивачи многу ни помогнаа, беа како дополнителен играч на теренот. Морам да направам разлика меѓу фактот што сме елиминирани и тоа што тимот одигра многу добро. Не можам да обвинувам никого“, изјави Компани.
„Фудбалот понекогаш е таков. Како тренери, сакаме да планираме и контролираме сè, но вакви работи се случуваат. Во моментов имам две чувства. Првото е тага што изгубивме и нема да го освоиме Купот оваа сезона. Второто е гордост поради специјалниот настап што го покажавме. Со десет играчи на теренот не се повлековме само да чекаме, туку игравме многу позитивно. Ако продолжиме вака, ќе добиваме многу натпревари, но за жал, оваа година нема да го кренеме трофејот во Купот“, изјави Белгиецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани
