Италијанските гиганти Јувентус и Интер покажуваат интерес за дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен. Данецот се соочува со сериозни проблеми со повреди и го изгуби своето место во стартниот состав на Ханси Флик, па се зборува дека неговото време во каталонскиот клуб е на изминување.
Затоа, големите ривали од Италија се подготвени да ја искористат ситуацијата и да се обидат да го доведат во своите редови.
28-годишниот Кристенсен има договор со Барселона до 2026 година. Во моментов е на опоравување по операција на Ахиловата тетива и се очекува да се врати на терените најрано до средината на јануари. Поради оваа причина, дефанзивецот се смета за потенцијален трансфер за Јувентус и Интер, но најверојатно тоа ќе се случи следното лето.
Кристенсен пристигна во Барселона од Челси со слободен трансфер во 2022 година. Досега има одиграно 75 натпревари, постигнато четири гола и запишано три асистенции во дресот на каталонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













