
Френки де Јонг не се труди доволно да ja врати довербата на навивачите, јавноста, управата и тренерот на Барселона, Ханси Флик.
Доверливите каталонски медиуми откриваат дека во Барселона полека се откажуваат од Холанѓанецот и се подготвени да го продадат што е можно поскоро, па дури и за само 20 милиони евра.
Де Јонг сè уште чувствува лесна болка во зглобот кој веќе двапати го повреди и поради што веќе една година не може да ја најде својата вистинска форма. Тој игра внимателно, избегнува дуели и ризична игра, што е спротивно на филозофијата на Ханси Флик.
Радио Каталонија известува дека Де Јонг е „со една нога надвор“ од Барселона и дека клубот е подготвен да ги намали своите барања за трансфер, поради неговата огромна плата која дополнително ќе се зголеми во последната година од договорот.
Де Јонг има договор со Барселона до јуни 2026 година, а следното лето е последната шанса клубот да заработи од неговото заминување. Тој пристигна во Барселона летото 2019 година за 75 милиони евра од Ајакс. Досега има одиграно 223 натпревари, постигнато 17 голови и запишано 21 асистенција.
Ако биде достапен за само 20 милиони евра, јасно е дека ќе има многу заинтересирани клубови, но, ако не ја врати својата форма, тешко дека ќе се најде во некој друг голем клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано
