
Интер ги освои главните награди на гала-вечерта на Калчото. Италијанскиот шампион доминираше на церемонијата што се одржа во понеделник вечер во Милано, освојувајќи најголем број признанија. Добитниците во секоја категорија беа избрани преку гласање на членовите на Асоцијацијата на италијански фудбалери.

Интер беше прогласен за Тим на сезоната, а Симоне Инзаги ја освои наградата за Тренер на годината. Ѕвездата на „нероаѕурите“, Лаутаро Мартинез, беше прогласен за Играч на годината, додека Маркус Турам го освои признанието за Гол на годината за неговиот погодок во победата од 5-1 против Милан.
#GGDC2024 ✨
— Gran Galà del Calcio AIC (@GranGalaAIC) December 2, 2024
La #Top11 della #SerieA Maschile 2023/24
YANN SOMMER
RAOUL BELLANOVA
ALESSANDRO BASTONI
RICCARDO CALAFIORI
FEDERICO DI MARCO
TEUN KOOPMEINERS
NICOLO’ BARELLA
HAKAN CALHANOGLU
MARCUS THURAM
LAUTARO MARTINEZ
JOSHUA ZIRKZEE#GranGalàDelCalcio pic.twitter.com/wJGpjHjByF
Во идеалниот тим на сезоната се најдоа дури седум играчи од Интер: Јан Зомер, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Николо Барела, Хакан Чалханоглу, Лаутаро Мартинез и Маркус Турам.
Наградата за најдобар судија ја доби Даниеле Орсато, додека наградата за најдобар млад играч од Серија Б му припадна на Франческо Пио Еспозито од Специја.
Лауреати во Серија А
Тим на годината: Интер
Тренер на годината: Симоне Инзаги (Интер)
Играч на годината: Лаутаро Мартинез (Интер)
Најдобар млад играч од Серија Б: Франческо Пио Еспозито (Специја)
Гол на годината: Маркус Турам (Интер)
Судија на годината: Даниеле Орсато
Идеален тим на сезоната:
Голман: Јан Зомер (Интер)
Одбрана: Раул Беланова (Торино/Аталанта), Алесандро Бастони (Интер), Рикардо Калафиори (Болоња/Арсенал), Федерико Димарко (Интер)
Среден ред: Николо Барела (Интер), Хакан Чалханоглу (Интер), Тун Копмајнерс (Аталанта/Јувентус)
Напад: Џошуа Зиркзе (Болоња/Манчестер Јунајтед), Лаутаро Мартинез (Интер), Маркус Турам (Интер)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
