Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе биде најверојатното решение за тренерската позиција во Лајпциг, со оглед дека бундеслигашот се подготвува за разделба со Марко Росе.
Росе сега е под голем притисок поради катастрофалниот пораз од 1-5 на домашен терен, што го доведе во незавидна позиција. Дополнителен проблем е тоа што под негово водство тимот не освои ниту еден бод во Лигата на шампионите, што го зголемува ризикот од негово отпуштање.
Се споменува дека Лајпциг би можел да го ангажира Ерик тен Хаг како нов тренер. Холандскиот стратег е без ангажман веќе еден месец по отказот од Манчестер Јунајтед, но изразил интерес за проект како што е Лајпциг.
Ова може да биде позитивна промена и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој размислува за заминување од Лајпциг, но најновите информации би можеле целосно да ја променат неговата ситуација, бидејќи се зборува дека тренерот Марко Росе ќе биде отпуштен. Росе досега не му даде вистинска можност на македонскиот репрезентативец, постојано го оставаше на клупата, што беше јасен сигнал дека за Елмас би било подобро да си замине и да бара шанса во друг клуб.
Поради повреда, Елмас нема да се врати на терените до крајот на годинава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal