
Реал Мадрид покажува интерес за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Диого Дало. Иако главната цел на „кралевите“ останува десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, според „Релево“, тие испратиле прашање до Јунајтед за Португалецот, кој може да игра на двете странични позиции од одбраната.
Изворите откриваат дека контактот бил воспоставен пред неколку недели, додека Ерик тен Хаг сѐ уште беше менаџер на „црвените ѓаволи“. Исто така, биле одржани разговори и со претставниците на играчот.
Од „Олд Трафорд“ одговориле дека Реал Мадрид би требало да плати околу 50 милиони евра за Дало.
Португалецот има над 175 настапи за Манчестер Јунајтед, а минатата сезона беше избран од неговите соиграчи за најдобар играч на клубот.
На „Сантијаго Бернабеу“ продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата со Дало, иако се свесни дека назначувањето на неговиот сонародник Рубен Аморим како менаџер на Јунајтед може да го направи трансферот потежок за реализација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано
