Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов повторно блесна во дресот на Фехервар и заслужено се најде во тимот на колото во унгарскиот шампионат по убедливата победа на неговиот тим на гостувањето кај Залаегерсег.
Серафимов одигра извонреден натпревар, притоа помагајќи на одбраната на својот тим да остане недопирлива и целосно да ги неутрализира противничките напаѓачи. Со оваа изведба, тој уште еднаш ја потврди својата квалитетна форма, која го истакнува како еден од клучните играчи на Фехервар.
Поранешниот младинец и првотимец на Вардар успешно настапува во унгарскиот шампионат веќе неколку сезони, со што континуирано го привлекува вниманието на фудбалските кругови. Имајќи ја предвид неговата одлична минутажа и во македонската репрезентација, логично е да се очекува негов трансфер во посилна европска лига во блиска иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













