Фудбалерите на Манчестер Сити го имаат потребниот карактер за да излезат од негативната серија, изјави дефанзивецот Рубен Дијаш по поразот од 0-2 против Ливерпул во натпревар од 13. коло на англиската Премиер – лига. Ова беше четврти последовен пораз за шампионите во Премиер – лигата, кои веќе заостануваат 11 поени зад „црвените“ на табелата.
Сити загуби четири последовни натпревари за првпат од 2008 година, а тимот исто така нема победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања, примајќи 19 гола во тој период.
„Не сакам да зборувам за ситните детали, туку за поголемата слика пред нас. Времињата се тешки, но видов карактер кај нашиот тим и почувствував дека нашите навивачи нè поддржуваат безрезервно. Без овие два клучни фактори, не можеме да излеземе од сегашната ситуација“, изјави Дијаш.
Манчестер Сити, кој освои шест од последните седум титули во Премиер – лигата, се соочува со голем број повредени играчи, меѓу кои и клучните Родри, Матео Ковачиќ и Џон Стоунс.
Сепак, шампионите во минатото се адаптирале на ваквите ситуации и не западнале во ваква криза.
„Во минатото успевавме да се прилагодиме на ситуацијата и да продолжиме понатаму, фокусирајќи се меч по меч. Тоа е она што треба да го направиме и сега, по тоа сме познати“, додаде Дијаш.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski