Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, денеска ги обнови тренинзите со тимот и се очекува да биде дел од составот на „кралевите“ за гостувањето против Атлетик Билбао. Французинот беше надвор од терените околу еден месец поради повреда на зглобот, која ја заработи за време на „Ел Класико“.
Се очекуваше Чуамени, по повредата на Едер Милитао, да игра главно како централен дефанзивец, но одличните настапи на Раул Асенсио би можеле да го ослободат од оваа обврска и да му овозможат да се врати на својата природна позиција во средниот ред.
Чуамени е вториот клучен играч на Карло Анчелоти кој се враќа по повреда во последниве денови, по Родриго, кој се врати во тимот овој викенд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













