
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ги сподели своите мисли за тешкиот старт на напаѓачот Килијан Мбапе во мадридскиот клуб.
„Дали Мбапе поминува низ тежок период? Не е прашање на недостаток на професионализам или желба. Ова е слично на тоа што ми се случи и мене кога се приклучив на тимот. Постојат моменти кога едноставно не оди.
Не значи дека помалку се трудиш или вложуваш напор. Треба да останеш смирен и да продолжиш. Неопходен е еден пресвртнички натпревар, кој ќе биде момент на пробив, и уверен сум дека тоа ќе се случи. Се надевам дека голот против Хетафе ќе му даде самодоверба да постигне три гола на следниот меч против Атлетик“, изјави белгискиот голман.
Мбапе досега има постигнато осум гола и една асистенција на 13 натпревари во Ла Лига оваа сезона. Во пет натпревари од Лигата на шампионите, Французинот има еден гол и една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
