
Пари Сен Жермен активно преговара со агентот на Мохамед Салах за можнa неговa преселба како слободен агент следното лето, јавува француското издание „Л’Екип“. Според извори на изданието, разговорите меѓу двете страни веќе траат некое време и постои голема веројатност египетскиот фудбалер да се пресели во Париз.
Договорот на Салах со Ливерпул истекува на крајот од оваа сезона, а самиот тој неодамна потврди дека клубот му понудил нов договор. Сепак, се чини дека неговата идна дестинација ќе биде надвор од Ливерпул, а ПСЖ е меѓу фаворитите да го ангажира.
Финансиски, парижаните не се очекува да имаат проблеми да му обезбедат на Салах услови што ги бара, откако клубот се ослободи од големите договори на играчи како Нејмар, Лионел Меси, Серхио Рамос и Килијан Мбапе во последните години.
ПСЖ веќе се обиде да ја засили својата напаѓачка линија летово со ново крило, но не успеа да ги реализира трансферите на Квича Кварацкелија, Нико Вилијамс и на Џејдон Санчо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
