Connect with us

Салах ги шокираше навивачите по победата над Манчестер Сити

Голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ги шокира навивачите на тимот со својата изјава по победата над Манчестер Сити. Неговите зборови предизвикаа шпекулации за можноста тој да го напушти „Енфилд“ по крајот на сезоната.

„Тоа ми е во глава. Засега, ова беше мојот последен натпревар за Ливерпул против Манчестер Сити. Уживам и ќе уживам во секоја секунда тука. Се надевам дека ќе ја освоиме Премиер – лигата, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Салах.

Оваа изјава предизвика збунетост бидејќи Ливерпул и Манчестер Сити треба повторно да се сретнат оваа сезона на 22 февруари во Манчестер, а не е исклучено и да се сретнат во англиските купови или во Лигата на шампионите.

Договорот на Салах завршува на крајот од оваа сезона, како и договорите на Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Ова дополнително ја зголемува неизвесноста околу иднината на неколку клучни играчи на Ливерпул.

Навивачите на „црвените“ сега се во исчекување на нови информации за потенцијалното продолжување на договорите или можноста за трансфер на овие фудбалски ѕвезди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови