
Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, кој колабираше на денешниот меч против Интер, кој беше прекинат веднаш по овој немил настан, е свесен и неговата здравствена состојба е стабилизирана. Ова се убави вести кои доаѓаат од Италија.
Тој дише самостојно, но оваа вечер сигурно ќе биде задржан во клиничкиот центар во Фиренца и неговата состојба ќе биде надгледувана постојано.
Бове колабираше и падна на теренот, по што бевме сведоци на мачни сцени на „Артемио Франки“. Фудбалерите на Фиорентина и на Интер во солзи следеа што се случува. Тој со возило на итна помош беше префрлен во клиника во Фиренца, каде за среќа веќе се чувствува подобро и е свесен.
Прекинатиот натпревар меѓу Фиорентина и Интер ќе добие дополнителен термин за одигрување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
