Раководството на Барселона донело одлука да го продаде Френки де Јонг следното лето, според информациите на „Спорт“. 27-годишниот холандски репрезентативец добива висока плата, а тренерот Ханси Флик не е целосно задоволен од неговите настапи.
Дополнително, Де Јонг никогаш не одговорил на понудата на клубот за продолжување на договорот, што придонело за одлуката за неговата иднина.
Во оваа сезона, местото во тимот на Ханси Флик го зацврсти Марк Касадо, со што значително се намалија минутите на терен за Де Јонг. Педри продолжува со одлични настапи, а Гави е во сѐ подобра форма. Исто така, Марк Бернал, кој се повреди на почетокот на сезоната, се очекува да биде целосно подготвен за следната сезона.
Летото 2024 година ќе биде последна година од договорот на Де Јонг со Барселона, што дополнително ќе ја намали неговата цена на трансфер пазарот. Барселона го доведе играчот во 2019 година од Ајакс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













