Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе одржи состанок со тренерот Карло Анчелоти поради проблемите на тимот во последно време, објавува „Марка“. Состанокот ќе се одржи во наредните денови, пред следниот натпревар на Реал, кој е закажан за недела против Хетафе.
Во средата навечер „кралевите“ беа поразени со 0-2 од Ливерпул во Лигата на шампионите, што беше нивен трети пораз во ова натпреварување. Дополнително, оваа есен тимот беше понижен од Барселона (0:4) на „Бернабеу“ во првенството, што дополнително го отвора прашањето за работата на Анчелоти.
Според информациите, засега Анчелоти не е под закана за отказ, но Перез сака да разговара со него за тековната ситуација.
Тимот се соочува со исклучително напорен распоред, според кој во следните 24 дена ќе одигра најмалку шест натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













