Српскиот првак Црвена Звезда ја оствари првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона откако на домашен терен го декласира Штутгарт со 5-1. Иако Демировиќ во петтата минута обезбеди предност за германскиот тим, сепак, во продолжението Звезда постигна пет гола.
Силас успеа да израмни во 12.минута, а Раде Круниќ во 31.минута се погрижи за пресврт.
Во второто полувреме, Марко Иваниќ со удар со глава во 65.минута зголеми на 3-1, а потоа два гола постигна и Немања Радоњиќ.
Штурм ја победи Џирона со 1-0. Стрелец на победничкиот тим беше Мика Бирет во 59.минута, а Бојан Миовски настапи до 67.минута, кога на негово место во игра влезе Кристијан Стуани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













