Португалскиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, изјави дека не ужива да останува на клупата за резерви, откако не беше во стартниот состав во победата на италијанскиот тим со 2-3 како гостин против Слован Братислава во петтото коло од Лигата на шампионите.
Сепак, Леао истакна дека е подготвен да ги следи одлуките на тренерот. Тој влезе во игра како замена на полувремето и постигна гол во 68. минута, со што Милан поведе со 1-2.
„Мислам дека натпреварот можеше да заврши со уште повеќе голови, имајќи ги предвид шансите што ги создадовме,“ изјави Леао за „Скај Спорт Италија“.
„Требаше да бидеме поагресивни пред голот. Тие имаа самодоверба бидејќи играа на домашен терен, но на крајот ние создадовме повеќе шанси. Победата беше заслужена. Имаме многу натпревари и недоволно време за опоравување. Мора да бидеме поефикасни и да не пропуштаме некои можности. Во овој турнир мораш да победуваш и да покажеш сила од самиот почеток“, додаде Леао.
За односот со тренерот Пауло Фонсека, тој потенцираше дека мрази да биде на клупата.
„Сè меѓу мене и тренерот е разјаснето. Тој знае дека не сакам да бидам на клупата, но ако одлучи поинаку, секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот. Среќен сум, тренерот прави добра работа, а ние се трудиме подобро да ги разбереме неговите идеи. Резултатите ќе дојдат со време“, истакна португалскиот интернационалец.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski