
По тешките мигови предизвикани од катастрофалните поплави, фудбалот повторно се врати во Валенсија. На „Месталја“ се одигра емотивен натпревар, во кој Валенсија славеше со 4-2 против Бетис.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски остана на клупата за резерви, додека херој на натпреварот беше Хуго Дуро, кој постигна два гола за домашниот тим. Во листата на стрелци за Валенсија се запишаа и Сезар Тарега и Диего Лопез.
Интересен момент беше автоголот на Хуго Дуро, кој го намали водството на Валенсија, а вториот гол за Бетис го постигна Чими Авила. Натпреварот беше еден од првите чекори кон враќање на нормалноста за регионот погоден од трагедијата.
No words ❤️🩹 pic.twitter.com/X3QVpmV08y
— Valencia CF (@valenciacf_en) November 23, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
