
Хари Кејн го презеде рекордот кој досега беше во сопственост на Ерлинг Хaланд, откако на натпреварот против Аугсбург постигна хет-трик (3-0), со што стана играчот кому му беа потребни најмалку натпревари за да стигне до 50 голови во германското првенство.
Два прецизно изведени пенали и еден гол во петтата минута од судиското продолжение беа 48., 49. и 50. гол на Кејн во Бундес-лигата. За овој подвиг му беа потребни само 43 натпревари, а дури ни одлично расположениот голман на Аугсбург, Недељко Лабровиќ, кој имаше 11 одбрани, не успеа да го спречи.
Досегашниот рекордер, напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој во минатото го носеше дресот на Борусија Дортмунд, го постави рекордот со 50 голови во 50 натпревари во Бундес-лигата.
Кејн пристигна во Баерн Минхен минатото лето и досега има постигнато 64 голови на 62 натпревари за славниот германски клуб. Тој е најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација (69 голови на 103 натпревари) и во историјата на Тотенхем (280 голови на 435 натпревари), како и вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер – лигата (213 голови на 320 натпревари). Сега, Кејн е и рекордер во Бундеслигата, но во неговата кариера сè уште нема освоено ниту еден трофеј, иако постигнал вкупно 440 голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
