
Вест Хем не требало да добие пенал во завршницата на натпреварот со Манчестер Јунајтед, кој „чеканите“ го добија со 2-1. Ова го призна шефот на судиите во Англија, Хауард Веб.
Токму по овој пораз, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, беше отпуштен и подоцна заменет со Рубен Аморим.
Израмнетиот дуел во Лондон беше решен со спорна одлука од ВАР, по која судијата Дејвид Кут досуди пенал во корист на домаќините поради прекршок на Матијс де Лихт.
Џерод Боувен реализираше од белата точка и му донесе победа на Вест Хем, а потоа Тен Хаг остана без работа.
„Мислам дека ВАР судијата Мајкл Оливер не ја процени правилно оваа ситуација. Тој се фокусираше премногу на ногата на Де Лихт. Не мислам дека ВАР требаше да се вмеша во овој случај. Имаме кажано на главните судии дека имаат целосно право да го задржат своето првично решение, дури и откако ќе бидат повикани на екранот“, призна Веб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
