Connect with us

Аморим донесе одлука, Џошуа Зиркзе си оди од „Олд Трафорд“

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, е подготвен да се ослободи од неодамна доведениот напаѓач Џошуа Зиркзe, тврди „Тутоспорт“.

Фудбалерот пристигна од Болоња за околу 37 милиони фунти кон крајот на летото и потпиша договор на пет сезони, но постигна само еден гол во 11 натпревари, најчесто влегувајќи од клупата за резерви.

Се тврди дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со играчот уште во јануари и чекаат понуди за него.

Јувентус размислува за можноста да го ангажира, а можно е тоа да се случи и на позајмица, но во секој случај играчот нема иднина на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови