
Шкупи излезе со реакција за делегирањето, наведувајќи го фактот дека Стојчевски е на листата непожелни за клубот. Долго време овој судија не е одбран за натпревар на чаирчани, па оттука доаѓа реакцијата.
„ФК Шкупи реагира на одлуката на ФФМ за делегирање на судиите за саботниот меч против Вардар. Одредени беа Игор Стојчевски како главен, заедно со Дејан Костадинов и Гоце Петрески како помошници.
Ние како клуб сме многу загрижени од оваа одлука, бидејќи се работи за судија кој е на листата непожелни за нашиот клуб. ФФМ беше информирана одамна за тоа, па Стојчевски не ни е делегиран долго време.
Поради тоа, прашуваме зошто баш против Вардар, многу важен меч за нас, името на Стојчевски излезе повторно.
Бараме од Судиската комисија да го одржи стандардот и да го замени судијата. Нашиот став за него е јасен“, стои во реакцијата на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
