
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 4-2.
Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25. минути имаше убедлива предност од 3:0.
Данило во втората минута од пенал го доведе противникот во предност од 1-0. Во 16. минута истиот играч постигна нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запиша во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 3-0.
Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 3-2.
Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 2-4.
Пријателски натпревар во Скопје;
Репрезентации до 15 години;
Македонија – Србија 2:4 (2:3)
Македонија: Димитар Петров (г), Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочески, Матеја Масев, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Марин Крстевски;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
