
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, вели дека е потребна сила и сплотеност доколку тимот сака да ја обезбеди многу потребната победа во Премиер – лигата денеска против Челси.
Животот на „Олд Трафорд“ ретко е мирен, но оваа недела беше особено интензивна, бидејќи поранешниот напаѓач беше назначен на кормилото по отпуштањето на Ерик тен Хаг поради разочарувачкиот почеток на неговата трета сезона.
Ван Нистелрој дебитираше со победа од 5-2 во Карабао купот против Лестер во средата и ќе води уште три натпревари пред Рубен Аморим да се приклучи како главен тренер од Спортинг Лисабон на 11 ноември.
Домашните натпревари против ПАОК и Лестер следат по неделниот натпревар со висок профил против Челси, кој нема победено на последните 11 гостувања на „Олд Трафорд“ во Премиер – лигата.
„Ќе биде голем натпревар, тежок. Челси игра многу добро во моментот. Имаат силен напад, играчи кои можат да го решат натпреварот, постигнуваат многу голови и играат добро со топката. Затоа, ќе треба да го дадеме најдоброто од себе за да постигнеме добар резултат и да одиграме добар натпревар. Очигледно, тоа е она што го сакаме.
Сакаме да се обидеме да победиме. Но, исто така го почитуваме противникот, ги знаеме неговите квалитети и знаеме што треба да направиме. Да, мораме навистина да бидеме заедно и силни за да ги сопреме“, изјави Руд ван Нистелрој.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на 14. место на табелата со само 11 бода, што претставува втор најслаб резултат на клубот во овој дел од сезоната во Премиер – лигата.
Но, промените оваа недела и привременото назначување на Ван Нистелрој го подигнаа расположението кај „црвените ѓаволи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку
