Македонските интернационалци овој викенд се навистина голгетерски расположени. Даниел Аврамовски беше двоен стрелец за Болоспор и херој на тимот во триумфот од 1-2 на гости против Истанбулспор во Втората лига на Турција.
Тој погоди двапати за три минути и го нокаутираше домашниот тим. Го отвори резултатот во 14.минута, а две минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Истанбулспор.
Ердон Даци вчера постигна неверојатен гол за Дајнзе на дуелот против Моленбек. Повремениот македонски репрезентативец постигна погодок буквално од половина терен.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













