Јагиелонија, тимот во кој игра Дарко Чурлинов, го победи молдавскиот Петрокуб со 2-0 во второто коло од Конференциската лига. Пулулу беше стрелец на двата гола за полскиот тим, додека Чурлинов започна како стартер и играше до 78. минута.
Борац Бања Лука, каде што настапуваат Дамјан Шишковски и Бобан Николов, извојува победа од 1-0 на гостувањето кај АПОЕЛ на Кипар. Николов влезе во игра во 58. минута, додека Шишковски остана на клупата. Победничкиот гол за Борац го постигна Стефан Савиќ во 63. минута.
Челси доминираше на гостувањето кај Панатинаикос и победи со 4-1 во Атина. Жоао Феликс постигна два гола, а Михајло Мудрик и Кристофер Нкунку исто така се запишаа меѓу стрелците. Единствениот гол за ПАО го постигна Факундо Пелистри.
Фиорентина победи со 4-2 на гостувањето кај Сент Гален, додека Целје го совлада Башакшехир со убедливи 5-1. Гент во п
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













