
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, уживаше во победата на тимот против Баерн Минхен со 4-1 во Лигата на шампионите. Каталонците одиграа еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната, а Бразилецот Рафиња блесна со хет-трик.
„Го постигнавме посакуваниот резултат и освоивме три бода. Излезе одличен натпревар. Откако поведовме, имавме некои проблеми во текот на 10-15 минути, но беше убаво да видам како тимот се извлече од тешката ситуација. Имаме многу млади играчи и важно е што тие не попуштаат“, изјави Флик.
Барса го остави зад себе „кошмарот Баерн“, а Рафиња ја уништи баварската одбрана.
„Нашиот потенцијал е многу поголем од тоа што го покажавме. Се трудиме на секој натпревар да бидеме подобри од претходниот. Тоа е нашата цел“, подвлече германскиот стратег.
„Баерн е исклучително силен тим, кој има фантастични фудбалери. Уживање е да се гледа нивната игра. Ваква победа заслужува да се прослави, бидејќи е сериозно постигнување. Таа ќе ни даде дополнителна самодоверба пред гостувањето кај Реал Мадрид. Уште не размислувам за натпреварот на „Бернабеу“. Допрва ќе се фокусираме на него“, додаде тренерот на Барса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
