
Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше пред натпреварот на „нероаѕурите“ против тимот на Јанг Бојс од третото коло на главната фаза на Лигата на шампионите. Фокусот на неговото излагање беше на теренот, на кој ќе се одигра натпреварот, бидејќи стадионот на Швајцарците е со вештачка трева.
„Ќе треба внимателно да го оцениме теренот. Вештачкиот терен е многу поразличен од природниот, затоа дојдовме порано да тренираме тука“, изјави Инзаги.
Италијанскиот стратег зборуваше и за состојбата на Јанг Бојс, која не е најдобра, бидејќи тимот се наоѓа на десеттото место од вкупно 12 екипи во швајцарската Суперлига.
„Минатата година тие беа шампиони, но сега имаат внатрешни проблеми. Сепак, тие се тим кој игра многу физички фудбал и има големо искуство во европските турнири. Не смееме да ги потцениме“, изјави Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
