Раководството на Ла Лига има намера натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, кој ќе се одигра во декември, да се одржи во Мајами. Организацијата е во напредна фаза, и сега останува само да се добие одобрение од ФИФА, која има последен збор по ова прашање.
Натпреварот помеѓу двата гиганти е закажан за 22 декември, веднаш пред божиќната пауза во првенството. На почетокот на јануари, Барселона, Реал Мадрид, Атлетик Билбао и Мајорка ќе учествуваат во Суперкупот на Шпанија, кој ќе се одржи во Џеда, Саудиска Арабија.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, одамна има планови да одржи натпревар од шпанското првенство во САД. Првиот обид беше во 2019 година, кога каталонското дерби помеѓу Барселона и Жирона требаше да се одигра во Мајами, но тогаш спротивставувањето од страна на Шпанската фудбалска федерација и синдикатите на играчите го спречија планот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













