
Веројатноста Пеп Гвардиола да го продолжи својот договор со Манчестер Сити станува сè поголема во последните денови, тврди „Атлетик“. Каталонецот во моментов има договор само до крајот на оваа сезона, а шпекулациите за неговата иднина кружат во медиумите на Островот веќе неколку месеци.
Тој неколку пати изјави дека сè уште нема донесено конечна одлука, а традицијата наложува тоа да се случи неколку недели пред влегувањето во последните шест месеци од договорот. За споредба, последниот договор помеѓу Гвардиола и Манчестер Сити беше потпишан во ноември 2022 година.
Во последните денови, темата повторно стана исклучително актуелна поради официјалното потврдување за заминувањето на Чики Бегиристајн, кој беше клучен за ангажманот на тренерот на „Итихад“, со кого претходно успешно соработуваа и во Барселона.
Сепак, според „Атлетик“, станува сè поверојатно дека Гвардиола ќе се согласи да го продолжи својот договор за уште една година и можеби ќе замине во летото 2026, непосредно пред Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Со тоа, менаџерот ќе ја демонстрира својата лојалност кон „граѓаните“ пред донесувањето на конечната пресуда за тековниот случај против шампионите на Англија, кој опфаќа 115 обвиненија за финансиски прекршоци и прикривање податоци за да се избегнат правилата на Премиер – лигата.
Манчестер Сити добро ја започна сезоната и по осум кола е на второто место во првенството, само еден бод зад Ливерпул. Во последните пет сезони, тие освоија четири титули под водство на Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
