Португалскиот стратег Жозе Мурињо размислува за нови засилувања во Фенербахче во зимскиот преоден рок, а во неговите планови е и Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец кој има мала минутажа оваа сезона во бундеслигашот Лајпциг.
Елмас токму во Фенербахче ја вивна својата кариера откако од Работнички дојде како малолетно момче во гигантот од Истанбул.

Потоа следеше трансфер во Наполи, а оттаму Елмас замина за Германија. И секако дека очекуваше да игра многу поголема улога во тимот на Лајпциг.
Но, Мурињо добро знае за што е способен Елиф Елмас и сака да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со опција и за комплетно откупување на неговиот договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













