Connect with us

Ќамили двоен стрелец за Сондерјиске, Митровски со гол за Вараждин

Македонските репрезентативци продолжуваат со одлични настапи во своите клубови, откако неодамна остварија две победи и со националниот тим. Лирим Ќамили беше клучен играч за Сондерјиске, постигнувајќи два гола во победата од 3-2 против Митјиланд.

Ќамили го отвори резултатот во 41. минута, а на почетокот на второто полувреме постигна уште еден гол, зголемувајќи на 2-0. На крајот, Сондерјиске успеа да извлече голем триумф против фаворизираниот противник.

Димитар Митровски исто така остави свој печат, со гол за Вараждин во победата од 2-1 против Горица. Тој погоди во 19. минута за водство од 1-0, по што Мамиќ го постигна вториот гол за Вараждин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови