Поранешниот португалски репрезентативец, Нани, се најде во центарот на скандал во Португалија откако еден навивач објави дека искусниот фудбалер му го зел дресот што го донел за автограм, но без никакво предупредување. Нани, кој летово се врати во Португалија и потпиша за Естрела, сега е под жестоки критики по овој инцидент.
Навивачот присуствувал на тренинг на Естрела и донел дрес на Португалија од Европското првенство 2016 година, иако тоа била само реплика, а не оригинален дрес што го носел Нани. Кога му го покажал дресот и побарал автограм, Нани започнал да го прашува од каде му е дресот, а потоа без дозвола го зел и заминал.
Фанот бил шокиран од ситуацијата и веднаш го пријавил случајот во полиција. Според изјавите на сведоци, дури има и видео снимки од инцидентот. Нани тврдел дека претходно му бил украден сличен дрес, што го навело да го земе дресот на овој навивач.
Случајот сега е во рацете на полицијата, а скандалот брзо се прошири на социјалните мрежи, при што Нани се најде под огромни критики за неговото однесување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













